Заев: Нема потреба од оставка по неуспехот со португаското претседателство

од Берта Китинска

Нема потреба од оставка по неуспехот со португаското претседателство секоја година има самит , вели премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинраско прашање за тоа дали би поднел оставка.

-Во такви предизвици кога се случија уставните промени, ги направивме сите реформи дома и навистина 100 процентно беше потврдено заради новата методологија на предлог на францускиот претседател, се случи одложувањето. Тогаш ја поднесов оставката и повикав на избори. Отидовме на избори со главна помисла дека граѓаните треба да одлучат, остануваме на европскиот пат или ќе разработуваме други варијанти. Одлучија граѓаните, дадоа поддршка и покрај такви тешки процеси, ја добив таа чест и одговорност пак да ја водам македонската влада. Сега мислам дека нема потреба заради тоа што не е во ред, нерационално е да се оди на избори, рече Заев.

Заев нагласи дека очекува сериозен фокус кон прашањето за проширувањето и отпочнувањето на првата меѓувладина конференција од словенечкото претседавање со ЕУ, коешто започнува од први јули.

-Ние продолжуваме, со напори, со обиди, знаејќи до каде смееме и што е дозволиво за разговори, надевајќи се дека час поскоро ќе продолжи европеизацијата низ европските механизми, а тоа се поглавјата. Затоа европеизацијата во нашата земја се случува секојдневно, ние немаме друга алтернатива. Моите очекувања се дека тоа ќе се случи во декември оваа година, рече Заев.

Слични содржини