Заев: Нема симптоми кај мене и членовите на моето семејство со кои сме заедно во изолација

од Берта Китинска

Лидерот на СДСМ денеска на Фејсбук објави видео во кое вели дека тој и членовите на неговото семејство немаат симптоми на Ковид-19, апелирајќи до граѓаните да бидат внимателни и да ги почитуваат пропишаните мерки за превенција од коронавирусот.

– Нема симптоми кај мене и членовите на моето семејство со кои сме заедно во изолација. Се надевам дека и тестовите ќе бидат негативни за да може по празниците да се вратиме во нормално функционирање на работните обврски, наведува Заев.

Тој во видео пораката додава дека очекува во текот на мај бројот на излекувани од Ковид-19 да се зголемува и сите психолошки ќе се подготвуваме за враќање на животот во нормала.

– Иако сите постепено се подготвуваме за враќање на животот во нормала, мора да сме свесни дека и понатаму ќе мора да бидеме многу внимателни и да ги почитуваме мерките, порачува Заев во видео изјавата.

Слични содржини