Заев: Ние, мажите не смееме да бидеме неми сведоци на насилството врз жените и девојчињата!

од Nikola Popovski

Премиерот Зоран Заев на својот Фејсбук профил објави дека гласот и силата на мажите треба да бидат насочени кон искоренување на домашно насилство, сексуалното вознемирување, силување, присилен брак и сите други форми на родово базирано насилство.

„Ние, мажите не смееме да бидеме неми сведоци на насилството врз жените и девојчињата! Мажите треба и мора да направат повеќе! Мораме да го осудиме секое насилство сѐ додека не развиеме култура во којашто насилството врз жените и девојчињата е неприфатливо. Затоа како маж, син, сопруг, татко, колега велам: #MenMustDoMore, #MaжитеМораДаНаправатПовеќе!“, вели премиерот.

Слични содржини