Заев: Ние не сакаме избори без опозиција, а тие сакаат избори во август или септември за воопшто да не се одржат

од Nikola Popovski

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев во интервју за „МКД.мк“, зборувал за тоа каква кампања очекува и дали мисли дека опозициска партија ќе ги бојкотира изборите.

„Мислејќи само на својот партиски интерес, предлагаат избори во септември, токму кога Светската здравствена организација вели дека треба да се спремаме за новиот бран на вирусот. Предлозите за избори на крајот на август или почетокот на септември всушност се предлог да нема воопшто избори. Не постои ниту здравствен, ниту политички авторитет што може да тврди и да гарантира дека тогаш ќе нема ниту еден заболен случај. Наша одговорност е да им се спротивставиме на обидите да се предизвика политичка криза“, изјавил Заев и дополнил дека „тие не се како Груевски и ВМРО-ДПМНЕ да посакуваат избори без опозиција“.

„Затоа учествувавме на лидерските средби и затоа бевме конструктивни на овие средби. Сакаме да се постигне договор, но нема да дозволиме да ѝ се нанесе штета на државата, нема да дозволиме да му се нанесе штета на здравјето на луѓето, ниту пак да влеземе во нова, уставна криза“, рекол Заев.

Слични содржини