Актуелно
Почетна / Македонија / Политика / Заев: Ние носевме одлуки, тие се плашеа, затоа ќе ги поразиме со над 50 000 гласови

Заев: Ние носевме одлуки, тие се плашеа, затоа ќе ги поразиме со над 50 000 гласови

„Времето на лажен патриотизам е минато. Јанушев слушаме жени ќе тепа, а зборува за родова еднаквост. Дурловски ќе се врати на местото на злосторот, таму каде што ќе не убиваа, за пари, за 200 000 евра. Николовски од Охрид го ставиле во Струмица, не може тоа така. Како и да е, сите се тие истите. Прво беше преродба, сега е обнова. Требаше храброст да падне режимот тука бевме сите, требаше храброст на 27 април, пак сите бевме тука, за народот, за иднината… Носевме одлуки, имавме став, кога имавме грешки се повлекувавме и се корегиравме. Ние сме тука за помош на сите граѓани.“, им се обрати на жителите на Крива Паланка, лидерот на СДСМ, Зоран Заев, од предизборната трибина на која Љупчо Николовски и Јагода Шахпаска беа претставени за носители на листата на коалицијата „Можеме“ за третата изборна единица.

Затоа Заев повика дека гласачите во тројката лесно можат да заокружат тројка на гласачкото ливче, оти не постојат дилеми кој сака европска и демократска држава, а кој сака режим, моќ, власт и пари.

„Не сме исти со нив, ние носевме одлуки, тие се плашеа. Истокот не се градел никогаш како сега што се гради. Имавме храброст за сите политики и за сите одлуки. А оние, на кои им понудив влада во 2018-та, заедно да сработиме за доброто на нашата држава и народ, одбија на прва, им реков да размислат, но калкулираше Мицкоски со својот рејтинг. Мислеше ќе победи на избори ако Заев сам го тера европскиот пат. Е, па, нема да победи. Ќе го згазиме на избори. Ќе победат храбрите. Од 50 000 до 120 000 гласови разлика ќе победиме на овие избори. Третата изборна единица ќе гласа за бројот три.“- порача Заев од Крива Паланка.

loading...