Заев: Ние три чекори кон правда, ВМРО-ДПМНЕ еден чекор кон одбрана на криминалот

од Vladimir Zorba

„Ние три чекори кон правда, ВМРО-ДПМНЕ еден чекор кон одбрана на криминалот. Затоа не сме и никогаш нема да бидеме исти. Ние ќе продолжиме да работиме за граѓаните, тие ќе продолжат да работат за криминалците, оти не знаат поинаку. Ние ќе ја носиме државата кон ЕУ и НАТО, тие ќе се обидуваат да ја враќаат назад“, сподели на својот фејсбук профил лидерот на СДСМ, Зоран Заев по денешниот марш за слобода.

Марш за правда

„Затоа ќе победиме, затоа што вие граѓаните гледате кој е за правда, а кој за неправда, кој е за ЕУ и НАТО, а кој за изолација.

Затоа мои граѓани, мој народе, ние ќе бидеме гласни и ќе чекориме напред се до конечна правда“,додава тој.

Слични содржини