(ВИДЕО) Заев: новата влада ќе биде формирана во март

од desk2

Лидерот на македонските Социјалдемократи Зоран Заев денеска од Сараево најави дека новата влада во земјата ќе биде формирана во март. Финишираат преговорите со ДУИ.

Демократската унија за интеграција (ДУИ) вчера донесе одлука да ни ги даде потписите за добивање мандат за составување влада, која ќе биде формирана во првата половина на март, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев, при посетата во Сараево, на заедничката прес-конференција со лидерот на Социјалдемократската партија на Босна и Херцеговина, Нермин Никшиќ.

– Знам дека раководството на ДУИ синоќа донесе одлука да ни ги обезбеди потписите и да ни ги даде затоа што како второрангирана партија бевме условени од претседателот Ѓорге Иванов да обезбедиме потписи за да ни биде даден мандатот. Сега се обезбедени потписите за добивање на мандатот. Јас верувам дека остануваат мал дел од преговорите околу формирањето влада поради тоа што најзначајните прашања, а тоа се идната владина програма, платформата на албанските политички партии, Законот за употреба јазиците се усогласени. Тоа беа суштинските разлики. Останува да седнеме со претседателите на другите партии да се договориме за ресорите, за кадрите во делот на владата и верувам дека за некои 10-15 дена во Македонија ќе има нова влада предводена од СДСМ – рече Заев.

Заев додаде дека предвремените парламентарни избори во Македонија биле резултат на упорна борба на опозицијата во обезбедување услови за регуларни, фер и демократски избори, за кои рече дека не биле докрај фер и демократски, но дека немало фалсификат.

Според Заев, СДСМ како партија ги поддржува граѓаните од сите етнички заедници и истакна дека верува дека мултикултурализмот претставува ветер во грб за развојот на државите, а не слабост и пречка./извори Мета

 

видео а1он

loading...

Слични содржини