Заев очекува што поскоро отворање на граничниот премин Маркова Нога, обврска од Преспанскиот договор

од Nikola Popovski

Поранешниот премиер Зоран Заев преку социјалните мрежи им се обрати на учесниците на денешниот собир на Маркова Нога во Преспа, на македонско-грчката граница.

Заев очекува што поскоро да се отвори граничниот премин Маркова Нога, како што вели, нашите две пријателски држави го превезмаа како обврска од Договорот од Преспа.

-Отварањето на граничниот премин Маркова Нога е наша обврска кон сегашноста и иднината – ова е вистинското и крајно време да ја срушиме неприродната блокада на природниот тек на брегот на Преспанското езеро. Очекувам дека во најбрз можен рок ќе се завршат неопходните инфрастурктурни интервенции и дека многу скоро ќе се најдеме таму на официјалното отворање на преминот што ги поврзува двете страни на Преспа, потенцира Заев.

Поранешниот премиер верува дека денешното дружење, како и она од минатиот викенд за време на манифестацијата „Запознај ја Преспа“ ја прави Преспа плодна почва за раст и развој на нашиот европски Балкан, мегдан за спојување на различните и блиските култури и пркос кон оние кои во 21 век се уште се водени од омразата наместо од мирољубието.

Слични содржини