Заев: Очекувам од Бугарија чисто признавање на македонскиот идентитет и јазик

од Берта Китинска

Тврдиме дека членство во ЕУ која не ни признава и прифаќа македонски јазик и идентитет не ни треба, рече денеска премиерот Зоран Заев, одговарајќи на пратеничко прашање во Собранието.

-За македонскиот идентитет и јазик ниту се разговарало и преговарало ниту ќе се разговара и преговара. Може да добиеме уште 100 ултиматуми, на овие прашања нема да разговараме. Јас очекувам од Бугарија чисто признавање на македонскиот идентитет и јазик, рече Заев.

На прашањето зошто го смениле Александар Литовски од историската комисија, Заев рече дека тој не бил сменет, туку му завршил договорот и тој, како што вели Заев, поради семејни идни предизвици на кои сака да се посвети не сака да биде продолжен неговиот договор.

– Влијание врз комисијата, тврдам, ниту имало, ниту ќе има и не смее да има затоа што таа Комисија е составена од професионалци, ние политичарите не сме и затоа нашиот став е исотријата да ја оставиме на историчарите. Ги охрабруваме да продолжат да решаваат, нагласи Заев.

Слични содржини