Заев: Очекувам Пауновски да биде разрешен од функцијата

од Nikola Popovski

„Рамковно вработените се прераспоредени согласно плановите и Законот. Директорот на пазарниот инспекторат е поставен од Владата, но не можете да си дозволите вакви коментари, да ги понижувате надредените. Очекувам службите да отворат постапка за негово разрешување“, изјави премиерот Зоран Заев на новинарско прашање, коментирајќи ја полемиката со директорот на ДПИ, Стојко Пауновски.

Според него, неоправдано е секој ден да се води полемика со претседателот и потпретседателот на Владата.

„Тоа е пркост. Има хиерархија, и иако се работи за мој пријател, за Стојко Пауновски, принципите се воспоставени. Ова е доволна основа за негово разрешување“, рече Заев.

Премиерот ги објави податоците за рамковно вработените.

„1349 биле дел од процесот, 1182 прифатиле прераспоредување, 38 од биле одбиле и одат на трансфер листа, а 13 си дале отказ“.

Пауновски денес самиот го повика премиерот  да го разреши, бидејќи тој и натаму нема намера да ги вработи административците примени според Рамковниот договор што му ги распредели вицепремиерот Артан Груби. Тој  не  сака дел од упатените 35 административци да ги прими во својот инспекторат затоа што смета дека се неквалификувани за испразнетите места.

 

Слични содржини