Заев од Чаир: Ќе ме гледаат уште 4 години па што сака нека е

од Vladimir Zorba

„ Низ вашите лични примери низ вашиот живот ја покажавте важноста на оваа наша земја дека сме заедно, сме биле отсекогаш заедно, векови и векови сме биле заедно, само овие лажните патриоти 11 години се обидуваа да не делат на вакви или онакви и затоа добија по капата, падна едниот сега ќе падне и другиот партнер од тоа време.“, изјави вечерва лидерот на СДСМ, Зоран Заев од Чаир.

„Здраво е и за нив и за државата, 17 години се на власт, доста е. Здраво е и за Македонија, здраво е и за ДУИ да поминат во опозиција а ударот на режимот вмровски сега што ќе им го зададеме само тоа може да ги обнови нив како партија, само тоа може да ги европеизира за да имаат шанси. Им кажав пред 1 година од 50 до 120 000 гласови ќе ве победиме, еве слушајте ми го зборот, зборот е збор“,тврди тој

Како поминува кампањата, продолжува Заев, така расте поддршката кон нас, се топат, се разобличуваат како тој стиропорот на фасадите што го имаат ставено. Паѓаат од секој ветер, од секој дожд, се пополека, пополека се мијат и излегува нивното вистинско лице. Се обидоа со секаков вид негативна и гнасна кампања, Зоран Заев та Зоран Заев, ама ќе ме гледаат мене уште 4 години па што сака нека е. Нема спас од Зоран Заев, рече експремиерот.

Слични содржини