Заев од Чаир: Најавувам поддршка за отворање нови бизниси во сите општини

од Nikola Popovski

„Овде сум во Чаир, за лично да ви порачам, дека рамномерно ќе продолжиме да инвестираме во секоја општина, бидејќи и вие знаете, дека така работи Социјалдемократскиот сојуз – преку грижа за сите граѓани, со проекти, на дело. Секој од овие кандидати е подготвен и мотивиран да работи за Најдоброто за Чаир, а ние како централна власт ќе продолжиме да поддржуваме капитални проекти и инвестиции кои го унапредуваат квалитетот на живот“, им рече на чаирчани претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

„Најавувам поддршка за отворање нови бизниси во сите општини. Ова ќе биде од големо значење и за Чаир. Ќе бидат утврдени потребите на граѓаните во одреден реон, маало или населба, а општината планирано е да понуди субвенции, за да се отворат токму локално дефицитарните бизниси. Така ќе бидат обезбедени потребите на граѓаните. Но ова е и шанса за младите луѓе и за луѓето со идеја, да развијат бизнис“, рече претседателот Заев, кој констатираше дека со тоа се отвора можност и за промоција на Чаир во областа на туризмот.

Заедно со граѓаните беше констатирано дека Чаир е мост на соживотот, општина во која се наоѓаат најстарите населби во Скопје, коишто денеска се мост меѓу сеќавањата за старо Скопје и модерното време и дека Чаир го заслужува Најдоброто и ќе го добие на претстојните избори на 17 октомври.

Слични содржини