Заев од Гостивар: 30 години не се носеле одлуки, затоа што се плашеле за политичката кариера

од Nikola Popovski

„30 години никој не носеше одлуки, но ние имавме храброст и носевме одлуки. Не само за договорите со Грција и Бугарија, туку и за Законот за употреба на јазиците, за зголемување на социјалната помош, за поголеми пензии, за поголема минимална плата, за 12 000 стечајци, за повисока просечна плата, за воведената државна социјална пензија… Денес покажавме дека водиме грижа за сите, најмногу за сиромашните. Докажавме дека имаме пари и ги враќаме назад кај народот, изјави лидерот на СДСМ, Зоран Заев, од предизборната трибина во Гостивар, на која беа промовирани носителите во шестата изборна единица.

Тој ги повика граѓаните да гласаат за европската и демократската опција на 15 јули.

„Покажавме дека сите политичари не се исти, не калкулиравме со личниот и партискиот рејтинг. Кога се исправивме пред вистината, знаевме зошто 30 години не се носеле одлуки, се плашеле за политичката кариера. Ама ние не се плашиме, зарем има поважно нешто од нашите деца и нашите внуци. Носевме одлуки и ги затворивме комплетно сите важни прашања, сподели Заев на трибината.

Слични содржини