Заев од Хераклеа: ВМРО-ДПМНЕ ви одзеде 11 години од животот и сега ве повикува да гласате за бројот 14?

од Vladimir Zorba

„Покажавме дека сме кадарни, дека знаеме, покажавме љубов, целиот свет дојде да ни се поклони на мудроста и храбрите одлуки. Знаеме како да продолжиме заедно да работиме за татковината. Немојте никогаш да им ги заборавите 11-те години владеење, тие ни се школо и учиме од него. ВМРО ДПМНЕ ви одзеде 11 години од животот и сега како ве повикува да гласате за бројот 14? Ако од тој број им ги одземете назад 11-те години, тогаш излегува бројот 3. Само бројот 3 е сигурност, се друго е опасност за вас и за државата. Имаме право европски да живееме и нема да ја пропуштиме таа шанса. И ако уште не сте одлучиле, изборот е лесен, под бројот 3 имате уште две тројки, моите иницијали ЗЗ, па лесно ќе препознаете.“, изјави лидерот на СДСМ, Зоран Заев од предизборната трибина во Хераклеа, Битола.
 
Тој искористи прилика, пред да започне изборниот молк, да ги повика граѓаните да излезат на 15 јули и да изберат иднина, живот и европски вредности.

Слични содржини