Заев од Охрид: Испраќаме јасна порака дека преку заедничка координација и активности практикуваме европски манири

од Hristina Nikolovska

Премиерот Зоран Заев е домаќин на трилатералната работна средба на лидерите од Западен Балкан што започна во Охрид. На средбата  присуствуваат и претседателот на Србија, Александар Вучиќ и претседателот на Владата на Албанија, Еди Рама.

Покрај тројцата лидери учествуваат уште и претседателот на Советот на министри на Босна и Херцеговина, Денис Звиздиќ и министерката за економија на Црна Гора, Драгица Секулиќ.

– Го започнавме состанокот со лидерите на Западен Балкан, со цел подобрување на регионалната соработка и остварување на заедничката цел – членство во ЕУ. Од Охрид, сите присутни испраќаме јасна порака дека преку заедничка координација и активности практикуваме европски манири – дома, зајакнувајќи ги европските вредности и градиме Балкан за 21 век. Регион на стабилност и просперитет. – напиша Заев на својот ФБ профил пред малку.

Слични содржини