Заев од Прилеп: На сите ни играше срцето кога го кревавме македонското знаме во Брисел

од Nikola Popovski

„Следниот пат кога ќе дојдат во Прилеп, да дојдат на Прочка, да бараат прошка, затоа што го лажат Прилеп во огромен процент низ години и децении. Доволно имавме вакви лажни патриоти кои ни ги избркаа децата надвор од државата, чукајќи се во градите за македонштината, притоа немајќи грам храброст да повлечат една одлука“, изјави претседателот на СДСМ, Зоран Заев на граѓанската трибина на коалицијата „Можеме“ во Прилеп.

Тој посочи дека не се угаси оганот на македонскиот јазик, туку се засили, затоа што ќе се изучува ширум светот.

„Патриотизам е целата храброст и мудрост за да ни се поклони светот. Не смееме да дозволиме да не враќаат во изолација. На сите ни играше срцето кога го кревавме македонското знаме во Брисел“, изјави Заев.

Слични содржини