Заев од Прилеп: ВМРО-ДПМНЕ гази врз македонистот Конески, а го велича Тодор Александров, предавникот на македонските војсководци

од Nikola Popovski

„Христијан Мицкоски зборува за патриотизам, за национални чувства на државата.. сакајте си го прилепчани ВМРО, тоа е мое и ваше. но ДПМНЕ никогаш, затоа што нема ништо од Д – демократијата кај нив во партијата, нема ништо од Е – од единството македонско национално, ништо“, изјави претседателот на СДСМ, Зоран Заев на граѓанската трибина во Прилеп.

„Само за пари, власт и моќ се борат и ништо друго не ги интересира, тие идеологот и таткото на македонскиот јазик и литература Блаже Конески го нарекоа џуџето од Небрегово, за денес Ципрас, премиерот на Грција, да им ги цитира директно стиховите од нашиот поет. Се уште шират национализам, нема што да понудат и постојано лажат и за македонскиот идентитет и за македонскиот јазик. Бев во Варош каде се родени легендите, нашите легенди сите знаеме кој ги предал и кој ги убил, сите знаеме. Зошто го слават и пеат Тодор Александров? Toj e предавникот на нашите војсководци. Денес тие го ставаат во спотови и му градат споменици“, рече Заев.

Слични содржини