Заев од Шуто Оризари: Ќе ги избришеме долговите за струја

од Nikola Popovski

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев на Граѓанската трибина на коалицијата „Можеме“ во Шуто Оризари изјави дека нема да престанат да работат се додека квалитетот на животот на Ромите не биде ист со квалитетот на животот на Македонците, Албанците, Турците и сите други.

„Јас и овие луѓе околу мене и вие пред мене имавме храброст да собориме режим со пенкало и глас. Ги клекнавме на колена и ги сменивме од власт. За два месеци откако дојдовме на власт го решивме проблемот со Бугарија и после една годиа го постигнавме Преспанскиот договор. Имавме храброст и донесовме одлуки“, изјави Заев.

Тој посочи дека сега секоја мајка во земјава знае дека никогаш нема да ги испраќа своите деца во војна, затоа што НАТО е тоа, сите за еден и еден за сите.

Тој дополни дека со враќањето на евтината тарифа на струја, граѓаните заштедиле 11 милиони евра со тие два часа дневно.

„Ќе ги избришеме долговите за струја кои што се собираа години наназад“, изјави Заев.

Слични содржини