Заев од Велес: Продолжуваме со позитивна кампања и бараме поддршка за нашата држава да продолжи да се движи вистинскиот правец!

од desk4

 

„Ќе продолжиме со позитивна кампања бидејќи блескава иднина не очекува. Бараме поддршка од нашиот народ за виситнскиот правец. Сето ова што ни се случува е зреење на татковината и на нашиот ментален склоп. Јас  уверувам дека сите ќе бидеме горди на нашата земја Република Северна Македонија, нашата татковина и нашиот народ“ рече Заев на вечерашната граѓанска трибина во Велес.

Претседателскиот кандидат Пендаровски порача ќе имаме многу бенефити од полноправното членство во НАТО, потребно е да продолжиме со напредокот, барајќи ја  поддршката од велешани за вториот круг од претседателските избори.

„Сите земји по членството триплирале или дуплирале СДИ покажуваат податоците за земјите при интеграции. Интеграциите исто така влијаат и на подобрување на животниот стандард за граѓаните. Може да замислите од 2020 за колку ќе скокнат СДИ и домашните инвестиции? На НАТО му е важно мутлифункционално врадеење на правото и да бидеме стабилна земја. Ќе имаме многу бенефити од членството во НАТО“, рече Пендаровски пред граѓаните на Велес.

 

https://www.facebook.com/zaevzoran/videos/369033943701187/

Слични содржини