Заев од Виена: Македонско-бугарскиот дијалог е повторно на сила

од Берта Китинска

На вчерашната посета на Бугарија на средбите со моите колеги направивме голем  исчекор.Ја враќаме довербата меѓу двете држави. Македонско -бугарскиот дијалог е повторно на сила, кажа премиерот Зоран Заев кој присуствува на Самитот за Западен Балкан во Виена, на покана на австрискиот канцелар Себастијан Курц.

Тој истакна дека верува во овој процес на Западен Балкан, дека наскоро ќе и донесе нова позитивна вест.

-Европската перспектива мора  да го победи евроскептицизмот, сега имаме солидна политичка поддршка за политиката на проширување и јасна перспектива на ЕУ за Западен Балкан која мене лично ми ја потврдија повеќе европски лидери и високи претставници за време на моите неодамнешни посети. Во таа насока е важна иднината на Европа.Западен Балкан е преморен од историски недоразбирања затоа ние како современи политичари треба да гледаме напред, кажа Заев.

Слични содржини