Заев: Одржувањето на првата меѓувладина конференција на С. Македонија и ЕУ ќе испрати позитивен сигнал и до регионот

од Aleksandar Petrovski

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев одржа прес-конференција за медиумите откако денеска имаше онлајн состаноци со челниците на ЕУ.

Првата меѓувладина онлајн конференција на Северна Македонија со ЕУ ќе биде позитивен сигнал и до целиот регион, истакна премиерот Зоран Заев.

Изразивме надеж дека оваа подготвеност на Северна Македонија, рече Заев, ќе се формализира и со освојување на рамката на почетокот на идниот месец, по што ќе следува и првата меѓувладина конференција до крајот на годината.

– Одржувањето на првата меѓувладина конференција на Северна Македонија и ЕУ ќе испрати позитивен сигнал и до регионот и ќе ја потврди европската перспектива на Западен Балкан како гео-стратешки интерес на Европската унија, потенцираше премиерот Заев.

Слични содржини