Заев, Османи и Филипче заминаа за Бугарија

од Берта Китинска

Премиерот Зоран Заев за МИА поврди дека оди за Бугарија да ги посети преживеаните во автобуската несреќа што се случи ноќеска на автопатот „Струма” .

Со Заев за Бугарија заминаа и министерот за здравство Венко Филипче и шефот на дипломатијата Бујар Османи.

Заев информира дека во Бугарија се упатени и надлежни екипи од Македонија. Тој изрази сочувство за загинатите во несреќата за која лично бил информиран од бугарскиот претседател Румен Радев и од премиерот Стефан Јанев.

Во несреќата, според првичните информации животот го загубија најмалку 45 лица, а седум се повредени.

Слични содржини