Заев: Оваа иницијатива создава нов, поинаков Балкан

од Hristina Nikolovska

Премиерот на РСМ Зоран Заев на заедничката прес конференција со лидерите од Западен Балкан порача дека состанокот во Охрид е со желба за Балканот во 21-иот век, со цел истиот тој Балкан да биде поубаво место за живот.

„Отворивме една иницијатива, која јас ја нарекувам акционен план кој создава нов поинаков Балкан од оној кој ние го познаваме. С. Македонија, Србија и Албанија ги повикуваме останатите земји од Балканот за да направиме уште повеќе од она што го работиме во рамки на Берлинскиот процес. “ – рече Заев.

Тој рече дека акциониот план подразбира движење на сите граѓани само со лична карта, како и 24-часово отворени граници меѓу овие земји.

„Се со цел да имаме поголема пропусливост на границите, проток на капиталот и стоката. Се надевам дека сите ќе ја „прегрнат“ оваа иницијатива бидејќи носи добро за целиот полуостров. Се ова што го правиме е за прв пат во ваков облик, како додатна вредност кон европските институции.“ – рече премиерот.

Слични содржини