Заев: Пандемијата покажа дека посветено треба да работиме на дигитализација, реформа и подобрување на образовниот систем

од Vladimir Zorba

Премиерот Зоран Заев, на денешната прес-конференција за промоцијата на Националната платформа за онлајн учење, ги повика сите и наставниците и родителите да го поддржат процесот, а на децата им порача да ги зграпчат сите можности, зошто доброто образование гради слободни граѓани.

Пандемијата, посочи Заев, ја наметна потребата да согледаме зошто ни е потребен образовен систем во добра кондиција и дека посветено треба да работиме на негова дигитализација, реформа и подобрување.

– За прв пат создадовме единствена национална платформа за оналјн учење, што ја креиравме исклучиво со домашни ресурси и експерти. Ова не охрабрува и дава поттик за нејзино усовршување и прилагодување на потребите на секој ученик во нашата држава, изјави Заев.

Посочи дека платформата е прилагодена освен на македонски, за држење настава на албански, турски, српски и бошњачки јазик.

– Подготвеноста на институциите и образовниот систем за промени е доказ за континуирана посветеноста кон долгорочните цели – квалитетно и иновативно образование по мерка на секого. Како Влада ја даваме безрезервната поддршка за имплементација на овој процес, истакна Заев.

Пандемијата, порача тој, недвосмиселно покажа дека како држава треба многу да научиме за планирање на инвестициите во образованието и колку е се тоа важно за сите нас.

Слични содржини