Заев по повод три децении од падот на Берлинскиот ѕид: На тој ден започна повторното обединување на Европа!

од Hristina Nikolovska

-На денешен ден пред точно 30 години, граѓаните на Берлин од двете страни на ѕидот, започнаа да ја уриваат градбата која беше подигната за да предизвикува страв, да разграничи општества, да подели семејства, да биде симбол на студената војна. На тој ден започна повторното обединување на Европа! – напиша премиерот Зоран Заев на својот ФБ профил.

Европа не смее да дозволи да воскренат сеништата од минатото. Европа не смее да дозволи да никнуваат нови ѕидови и поделби, како што Берлин на 9 ноември 1989 му покажа на светот дека нема ѕид што може засекогаш да ја спречи демократијата и да ја запре слободата. – пишува Заев по повод денешниот ден – 3 децении од падот на Берлинскиот ѕид.

Слични содржини