Заев по средбата со Гаши: Имавме конструктивна средба, донесени се заклучоци

од Nikola Popovski

После повеќе од два часа заврши работната средба меѓу премиерот Зоран Заев и лидерот на Алтернатива, Африм Гаши во Клубот на пратеници. Премиерот пред новинарите само кратко изјави дека ќе има официјално соопштение од прес-службата на владата за повеќе информации околу средбата.

-Имавме конструктивна средба. Имаме заклучоци. Прес-службата на Владата ќе ги соопшти, рече Заев на излегувањето од Клубот на пратеници.

Ова е втора средба на Заев и Гаши, откако на 19-ти месецов тие разговараа за условите и улогата на Алтерантива во новото парламентарно мнозинство, а конечната одлука беше оставено да ја донесат партиските органи.

Слични содржини