Заев: Побаравме меѓународни експерти за „Монструм“ и „Диво насеље“, но тоа не значи дека ќе се поништат судските процеси

од Nikola Popovski

Премиерот Зоран Заев денеска на прес-конференцијата после потпишаниот договор со Африм Гаши, информираше дека постигната е согласност Владата да испрати официјално барање до Европската Комисија со кое ќе побара тим од независни експерти да извршат меѓународна истрага на сомнителни судски процеси.

-Ова е договорено затоа што довербата во правосудниот систем е, поодамна разнишана. Но тоа не значи, дека некој ќе може да ги поништи судските процеси или да направи нешто спротивно на нашите закони. За првпат се случува Владата да достави барање до Европската комисија за да направат меѓународно истражување на случаите. За жал, последните 30 години постоеле сомнежи околу судските одлуки. Имало сомнежи за политичко влијание, рече Заев, одговарајќи на новинарско прашање дека ова е по иницијатива на Гаши.

Уште вчера, портпаролот на Алтернатива, Орхан Муртезани извести дека се договориле Владата да побара меѓународна истрага за случаите со политичка импликација, како што се Монструм, Алфа, Диво насеље, Алмир Алиу.

Слични содржини