Заев-Помпео: Силна поддршка од САД за членство во НАТО и за старт на преговорите со ЕУ

од desk3

Проекцијата за развој на соработката меѓу Северна Македонија и САД како стратешки партнери, со посебен акцент на потенцијалот за натамошно унапредување на економските односи и за привлекување нови американски инвестиции во земјава, беа доминантана тема на средба доминантна тема билатералната средба на премиерот Зоран Заев со американскиот државен секретар Мајк Помпео.

Во состав на делегацијата на нашата земја на средбата беа и вицепремиерката и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска, заменик претседателот во Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи и министерот за надворешни работи, Никола Димитров.

– Посебно внимание за време на разговорот беше посветено на успешната соработка и партнерство во доменот на одбраната, особено меѓу АРСМ со Националната Гарда на Вермонт, како и во рамки на воените мисии ИСАФ и „Одлучна поддршка“ во Авганистан, се наведува во соопштението.

На средбата меѓу владината делегација и државниот секретар на САД и неговата придружба, било нагласено дека останува силната и континуирана американска поддршка за финализирање на постапката за полноправно членство во НАТО и за напредокот на Република Северна Македонија во процесот за членство во ЕУ.

Како што се посочува во соопштението, на средбата се разговарало и за прашања кои се однесуваат на стабилизација и просперитет на регионот со Вашингтон како главен промотор на политиката на проширување на Алијансата со државите од Јадранската повелба.

Пред билатералните разговори, Заев и Помпео имаа и тет-а-тет средба. Помпео во рамки на еднодневната официјална посета на нашата земја, претходно се сретна и со претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски.

Слични содржини