Заев: Постои подготвеност за унифицирње на ДДВ на храна од 10 отсто во угостителските објкети

од Берта Китинска

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, оствари средба со претставници на угостителството од Скопје, на која беше разговарано за актуелната состојба во земјава со посебен акцент на угостителскиот сектор, реалните потреби, сугестии и идеи за подобрување на истите.

На средбата се разговараше за предлози од страна на угостителите кои би имале големо значење за овој сектор и би придонеле за негово подобро функционирање.

Изедначување на работното време до 1 часот по полноќ за сите 365 дена во годината, воведување интервентна полиција која ќе обезбедува ред во ноќниот живот, особено пред поголемите локали, при продажба на храна, нивелирањето на ДДВ да е со 10 отсто, унифициран правилник за тераси и продажба на цигари во локалот по цена која тие ќе ја одредат се дел од предлозите на кои угостителите дадоа посебен осврт.

Угостителите покажаа задоволство од донесеното решение за ЗАМП и предложија одредување паушал кој би се плаќал на почетокот на година во насока на заштита од нанесување штета од вработени во угостителските објекти, решение што би било уредено со Законот за прекршоци.

Од страна на Заев беше посочено дека барањата на угостителите се прифатливи и ќе бидат внесени во изборната програма на СДСМ и дополнително понуди решенија на проблеми со кои се соочува овој сектор во нашата држава, а тоа е недостигот на работна сила поради одливот во други земји.

Заев изрази подготвеност и за изедначување на ДДВ-то за храна во угостителските објекти од 10% .

Слични содржини