Заев: Потребно е издржано решение за лицата без државјанство

од Берта Китинска

Премиерот Зоран Заев смета дека прашањето поврзано со тоа што одредени лица во државата не можат да добијат државјанство е нешто што треба да се реши.

Tој посочи за тоа е потребно да се донесе издржано решение. Тој најави дека уште од понеделник може да се седне, да се разговара и со заеднички напори да се изнајде решение.

-Еве да предложам да седнеме во понеделник, вторник, среда, почетокот на следната недела, ќе дојдам јас, министерот за правда, министерот за внатрешни работи и ако има друга надлежна институција за ова прашање, заедно претставници на опозицијата и на власта ќе избереме, да седнеме и да го решиме прашањето. Ќе повикам експерти од матична служба, од МВР, од мојот кабиент, ќе се подготивме претходно со идеи, вие што имате идеи, сите заедно да седнеме и да го решиме ова прашање, рече Заев одговарајќи на пратенчко прашање од Елми Азир од Алјанса за Албанците.

Суштината на решавањето на прашањето, нагласи Заев, мора да биде согласно правни стандарди.

Слични содржини