Заев: Прагот од два отсто за потписи за независните листи ќе биде или намален на еден отсто или укинат

од Vladimir Zorba

Прагот од два отсто за собирање потписи за независните листи во Предлогизмените на Изборниот законик ќе биде намален, веројатно на еден отсто или можеби и укинат. Како ќе одлучат пратениците, јас како политичар тоа ќе го поддржам, изјави денеска премиерот Зоран Заев.

– Изборниот законик ќе биде согласно укажувањата кои стигнаа и од експертската јавност, но и од помалку бројните партии заради тоа што тие оценија дека не е коректно поголемите партии да го определуваат прагот за неопходен број собрани потписи за поднесување на независните листи. Видов дека има амбиент и ќе биде намален прагот од два отсто, веројатно на еден отсто или можеби и укинат, рече Заев.

Слични содржини