Заев: Пред 27 години нашата државност, посебност, нашиот идентитет и култура беа признаени од целиот свет

од Vladimir Zorba

„Република Северна Македонија 27 години членка на ООН. На денешен ден се навршуваат 27 години од нашето членство во Организацијата на Обедитените Нации, најголемата и најзначајна светска организација“, вели лидертона СДСМ, Зоран Заев.

„Пред 27 години нашата државност, посебност, нашиот идентитет и култура беа признаени и верификувани од целата меѓународна јавност, од целиот свет.

Ако членството во ООН во далечната 1993 година беше остварување на нашиот државнички стремеж, денес членството во НАТО и преговорите со ЕУ е остварување на нашиот стремеж Република Северна Македонија да биде рамноправен партнер и сојузник на развиениот демократски свет.

Денес, Република Северна Македонија е признаена и препознаена како слободна, демократска земја – држава пријател на регионот и светот“,посочува тој.

Слични содржини