Заев пред посетата на Софија: Македонскиот идентитет не бил изгубен, ниту ќе се изгуби

од Nikola Popovski

Премиерот Зоран Заев денес изјави дека за македонскиот јазик и идентитет не разговараат и воопшто не е на маса на преговори со Бугарија.

„Португалскиот предлог е навистина инвентивно и креативно решение за кое што вреди да се потрудиме. Тој е навистина квалитетен, квалитетен за нас, квалитетен за Бугарија и оти води грижа за двете страни. Тоа се сериозни успеси коишто досега се постигнати. И јас верувам дека треба да им дадеме шанса на конечно изнаоѓање на решение“, рече Заев.

За утрешната посета на Софија тој кажа дека е должен прво на граѓаните да им ги каже своите лични очекувања, бидејќи не сака ниту за себе ниту за народор да ги зголемува очекувањата од тоа што е реално.

Коментирајќи ги обвинувањата од лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, Заев рече дека исти такви обвинувања имаше дека преку Преспанскиот договор ќе го изгубиме идентитетот.

„Ќе прашам јавно, зарем е можно изгубен идентитет повторно да го изгубиме? Тој ниту бил изгубен, ниту ќе се изгуби. Изгубен е веројатно Мицкоски и ако некој го пронајде нека го врати во ВМРО-ДПМНЕ ама не верувам дека и таму ќе биде нешто од помош, одговори Заев.

Слични содржини