Заев преку вафла најави дека повторно ќе биде премиер (фото)

од Nikola Popovski

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев вчера ја посети фабриката за кондиторски производи ,,Винчини “ односно Макпрогрес од Виница.

Заев испрати порака до своите поддржувачи, но и до опозицијата, со фотографија на која држи еден од производите на фабриката, на која пишува „премиер“.

Членови и симпатизери на СДСМ ја споделуваа фотографијата и веќе констатираа дека лидерот на партијата на власт повторно ќе седне на премиерското столче.

„Денеска бевме во посета на Макпрогрес, одлична македонска компанија којашто е еден од најголемите извозници и претставува гордост на сите граѓани. Преку 90% нивните програми одат за извоз носејќи девизни приливи на државата.

Во наредниот период очекуваме отворање на преговорите со ЕУ, а со тоа и отворање на европските фондови, кои на овие компании ќе им бидат поддршка за развој и дополнителна мотивација да вложат во нови машини, во нови капацитети, да го шират своето производство“, напиша тој на својот Фејсбук профил.

Слични содржини