Заев: Премиерот не треба да биде на чело на Владата повеќе од два мандати

од Nikola Popovski

„Благодарение на храбростја што ја донесовме денес сме членка на НАТО и почнуваме преговори со ЕУ. Денес е усвоена и преговарачката рамка“, истакна вечерва лидерот на СДСМ Зоран Заев на трибината на Пониква.

„Затоа барам поддршка од вас заради тоа што не сме сите исти во политиката. Кога требаше храброст, покажавме храрост, кога требаше одлуки, носевме одлуки. Кога ги носевме и најтешки одлуки, ја развиваме економијата. И денес ги гледааме резултатите. Ги исполнивме стратешките цели и денес имаме земја признаена од целиот свет во која живеат Македонци, кои зборуваат македонски јазик признат од целиот свет, создадовме пријатели околу нас и отворивме перспективи за идните генерации. Сега сигурно нема да враќаме режим. Одиме напред, затоа што можеме“, рече Заев.

Според него, Третата изборна единица во која спаѓа и Кочани, е многу важна и тука очекува коалицијата „Можеме“ да извои, како што рече, убава победа.

„Верувам дека ќе успееме во она што е зацртано пред нас бидејќи секогаш граѓаните знаеле да изберат вистинска одлука и да застанат на вистинскиот пат“, порача Заев.

Тој соопшти дека бара поддршка за втор мандат и нагласи дека премиерот не треба да биде на чело на Владата повеќе од два мандати.

 

Слични содржини