Заев: Преспанскиот договор го смени лицето на Балканот

од Nikola Popovski

„Договорот од Преспа го смени лицето на Балканот, како динамичен регион кој низ историјата знаел да гради и ѕидови помеѓу народите“, објави премиерот Зоран Заев, на својот Фејсбук профил.

Тој наведува дека со пресвртот на водењето на С. Македонија започнавме ново поглавје, со кое на Европа и светот им дадовме еден поинаков Балкан, Балкан кој гради мостови.

„Prespa Forum Dialogue кој ќе се одржи на 1 и 2 јули во С. Македонија е уште еден чекор за што повеќе изградени Балкански мостови“, објави премиерот.

Американскиот претседател Џо Бајден издаде нова извршна наредба за конфискација на имот и забрана за влез во САД на лица кои се закана за безбедноста на Западен Балкан.

Како што е наведено во одлуката на американскиот претседател, ќе има санкции за оние што ги загрозуваат Преспанскиот договор и Охридскиот рамковен договор.

Слични содржини