Заев претпазлив со датумот за пристигнување на вакцините

од Берта Китинска

„Час поскоро“, „деновиве“…беа честите реченици кои изминативе денови ги слушавме како одговор на прашањето кога ќе пристигнат вакцините против Ковид 19.

Премиерот Зоран Заев низ насмевка денеска најави дека во недела  првата пратка од 3.000 руски вакцини ќе пристигнат во земјава.

„Ја имам информацијата. Првите 3.000, ама како да кажам ако не стигнат… Во недела ги очекуваме 3-те илјади преку ДХЛ да дојдат. Министерот се организира со амбасадорот да ги пречека и нормално да ги пушти тие во промет“, кажа Заев, одговарајќи на новинарско прашање на настан во Општина Карпош.

Вчера премиерот изјави дека фајзеровите вакцини до крајот на месец март ќе пристигнат во земјава.

„Не се работи за наша несериозност во набавката на вакцините. Едноставно, има недостаток во нивното производство. До крајот на март ќе добиеме 21 илјади вакцини од Фајзер, а потоа следуваат и кинеските, и вакцините од Русија. Апелирам дека сите треба да се вакцинираме, да ги следиме упатствата на експертите и здравствените работници“, истакна премиерот Заев.

Слични содржини