Заев: Придонесот што СДММ го дава во овие години е пример за многу младински политички организации

од Берта Китинска

Попладнево претседателот на СДСМ Зоран Заев на покана на СДММ учествуваше на дискусија со претставници на Меѓународната унија на млади социјалисти меѓу кои и генералниот секретар Бруно Гонсалвес и потпретседателката Ана Пирцхалава. Претседателот Заев се заблагодари на можноста да се обрати пред младите од Меѓународната унија на млади социјалисти.

Придонесот што СДММ го дава во овие години е пример за многу младински политички организации и партиски подмладоци не само во Северна Македонија, туку и пошироко, потенцираше претседателот Заев.

Тој исто така се осврна кон тоа дека невработеноста, врсничкото насилство, родовото насилство, растот на национализам и екстремна десница, борбата за здрава животна средина се дел од предизвиците кои стојат денес пред младиот човек без разлика дали тој живее во овој регион или во државите членки на ЕУ, а за решавање и надминување на овие предизвици предизвици потребен е силен и постојан ангажман на младите.

На крајот претседателот Заев ги охрабри младите да продолжат да бидат гласни да продолжат да се борат за себе и своите врсници, да бидат активни и да се вклучат во процесите затоа што само на тој начин самите ќе ја изградат сопствената иднина.

Претседателот на СДММ Марко Михаилоски забележа дека преку одговорните и инклузивни политики на СДСМ, ја намаливме стапката на младинска невработеност ја намаливме на 29 отсто, а пред четири години таа изнесуваше 42 отсто. Исто така, го унапредивме ученичкиот и студентски стандард, донесовме Закон за младинско учество, се отвораат младински центри во сите општини, гласот на младите денеска се слуша и по него се постапува, порача Михаилоски.

Слични содржини