Заев: Пристигнаа 40.000 дози на Спутник V донација од Србија, во наш значително клучен период

Во рамки на пристигнувањето на новата донација на вакцини од Србија, премиерот, Зоран Заев и се обрати на јавноста и покрај изразувањето на благодарност до нашиот сосед, упати апел до граѓаните да се пријават преку онлајн апликацијата, со цел да се одвива брзо и ефикасно вакцинацијата во нашата земја.

„Пристигна втората донација од Србија. Се работи за 2 пати по 20.000 дози вакцини од Спутник V, и тоа во клучен момент кога треба да се продолжи со масовната имунизација. Сега, кога почна имунизацијата, навистина оваа донација е драгоцена, се додека не стигнат вакцините од Кина, преку Ковакс системот, како и Фајзеровите. Граѓаните знаат колку е ова важно за нас, подготвени се објектите, со цел брзо и без прекин да тече вакцинацијата кај нас. Уште еднаш изразувам благодарност до пријателскиот народ во Србија кои покажаа голем чин на пријателство и чин на солидарност“, истакна Заев.

Слични содржини