Заев: Признанија за сите пратеници од првиот собраниски состав

од Берта Китинска

Премиерот Зоран Заев на денешната седница за одбележување на 8 Септември-Денот на независноста и јубилејот  30 години независност на Република Северна Македонија покрена иницијатива за доделување на признанија за 120 пратеници од првиот собраниски состав.

„Како премиер во името на Владата на РСМ, а по повод 30-годишнината од 8-ми септември, Денот на независноста, покренувам Иницијатива за доделување на 120 признанија за сите пратеници од првиот собраниски сосстав за нивниот особен придонес во поставувањето на општествените и институционални темеливо изградбата на независна, суверена, слободна и демократска држава Република Македонија сега Република Северна Македонија. За оние кои не се веќе меѓу нас, признанијата да бидат доделени постухумно, предлага премиерот Зоран Заев.

Слични содржини