Заев: Просечната плата е зголемена за 2331 денар за една година

од Nikola Popovski

Продолжува трендот на раст на платите. Во мај оваа година просечната плата изнесувала 28.721 денари. Согласно податоците на Државниот завод за статистика, регистрирано е зголемување од 8,8% или 2.331 денари за една година, објави премиерот Зоран Заев на социјалните мрежи.

Според него, ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето плата по вработен во секторите: уметност, забава и рекреација (29,0%); објекти за сместување и сервисни дејности со храна (28,7%) и други услужни дејности (14,4%).

-Топ три сектори со највисока просечна исплатена нето плата по вработен во државата се: информации и комуникации; финансиски дејност и дејности на осигурување и снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација. Посветени сме на реализација на стапките на економски раст и покачување на платите, сѐ со цел подобрување на стандардот на граѓаните и економијата во земјата, информира премиерот.

Слични содржини