Заев против Мицковски-Историски ТВ дуел денеска!

од desk4

  Премиерот Зоран Заев покажува вистинско лидерство и втор пат за само две години се решава на  ТВ дуел со својот политички противник, Христијан Мицкоски од опозициската ВМРО ДПМНЕ.

Вакво соочување меѓу премиер и лидер на опозициска партија немаше за време на владеењето на режимот на Никола Груевски. Груевски не се охрабри ниту еднаш да се соочи со својот политички ривал на телевизиско интервју.

Впрочем незамисливо беше екс-премиерот и сегашен бегалец од правдата Никола Груевски да го видиме на дебата или интервју со новинари кои тогаш беа критички настроени кон тогашниот режим.

Второто политичко соочување меѓу Заев и Мицкоски ќе се случи денеска во 18 часот и 30 минути, во емисијата „Само вистина“ на националната Канал 5 телевизија.

Слични содржини