Заев: Ред е да се објави извештајот и да го кажам својот став во врска со оставките

од Берта Китинска

Јас знам дека форензичките извештаи и анализите на вештачењето се при крај и навистина очекувам да се објават. Ден поскор е подобро за да се решат дилемите.Ред е да се објави тој извештај за јас да го кажам својот став за  понудените оставки, кажа премиерот Зоран Заев.

Заев додаде дека животот продолжува и ако што кажа, политичарите се во кампања и се случуваат секојдневни активности.

-Ред е да се објави тој извештај, за да можам секако и јас, да го кажам својот став во врска со оставките на министерот за здравство и заменик-министерот, изјви Заев.

Слични содржини