Заев: Реформата за реорганизација на органите на државната управа треба да доведе до оптимизирање на институционалната рамка

од Берта Китинска

Реорганизацијата на органите на државната управа, агенциите и инспекциските служби се едни од клучните реформски приоритети за подобрување на ефикасноста и сервисната ориентација на јавната администрација, пишува премиерот Зоран Заев на својот Фејсбук профил.

-Вчера ја одржавме 9-тата седница на Советот за реформа на јавната администрација, на која беше презентиран првиот предлог за реорганизација на органите на државната управа, агенциите и инспекциските служби на централно ниво.Оваа значајна реформа треба да доведе до оптимизирање на целокупната институционална рамка, подобрување на испораката на услугите, зголемување на ефикасноста и ефективноста на јавната администрација, како и зајакнување на довербата на граѓаните во јавниот сектор, напиша Заев.

Слични содржини