Заев: Решението не носи во ЕУ, имаше протести и грди зборови и за договорот со Бугарија

од desk4

На Западна Европа  и испративме сигнали на европско однесување и на европски манири,  и дека како Балкан имаме целосно право да бидеме дел од Европа, го очекувам тоа.

Имаше протести и незгодни зборови пред да се склучи договорот со Бугарија. Еве, оттогаш поминаа десет месеци откако го потпишавме заедно со премиерот Борисов во Скопје и ништо не загуби Бугарија, ништо не загуби Македонија, туку само добија Македонија и Бугарија. Така ќе биде и со Грција, рече вечерва премиерот Зоран Заев во Струмица. пред почетокот на претставата „Железната завеса“ во изведба на Тетарот на Бугарската армија во Домот на културата во Струмица.

Претседателот на Владата потоа додаде:

-Ние во недела ќе го потпишеме договорот и тоа ќе ја испрати позитивната пријателска порака. Мене ми е важно што сето ова се случува во еден период кога Балканот раководи со ЕУ, односно Бугарија ја води Европската Унија и посебно сум среќен што и на Западна Европа  и испративме сигнали на европско однесување и на европски манири,  и дека како Балкан имаме целосно право да бидеме дел од Европа, додаде премиерот Зоран Заев.

На новинарско прашање дали Македонија очекува покана за почеток на преговорите со Европската унија, премиерот Зоран Заев рече:

-Ние веруваме, а посебно договорот со Бугарија ја разбуди Европа и ги насочи очите на Европа кон Македонија. Тоа беше едно од најисилните прашања, а договорот со Грција треба дополнително да ја мотивра Европа и сите нејзини земји членки. Јас знам дека големите пријатели како Бугарија и други земји се борат за нас. Знам дека имаме многу причини заради реформите што се случуваат во Македонија и дека немаме отворени прашања со своите соседи, бараме шанса да добиеме датум за преговори. Тоа не значи членство во ЕУ.Европа веројатно ќе се реформира и ќе се подобрува, а ние ќе преговараме за да ги подобриме капацитете на институциит во Република Македонија и верувам дека тоа ќе биде така и дека ќе добиеме шанса да почнеме преговори со Европската унија, одговори премиерот Заев.

Министерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева повтори дека Бугарија како претседавач со ЕУ и Владата на нејзината земја работи на тоа Македонија да добие датум за преговори.

-Не случајно го поддржуваме решавањето на долгодишниот спор за името меѓу Македонија и Грција. Убедена сум дека тоа ќе им помогне на двете држави и верувам дека до крајот на месецот ќе биде донесена одлука Македонија да добие датум за преговори, рече Захариева.

Таа додаде дека само по осум месеци од потпишувањето на договорот меѓу Македонија и Бугарија и граѓаните на двете земји разбрале дека ништо не загубиле, туку само добиле.

Премиерот Заев и бугарската министерка Захараиева заедно пиеја кафе во едно струмичко кафуле, а потоа заедно ја проследија претставата  „Железниот светилник“ во изведба на Тетарот на Армијата од Софија во Домот на културата во Струмица.

Заев од Струмица: Во недела во Преспа ќе го потпишаме договорот за името

По денешната кафе средба на премиерот Зоран Заев и вицепремиерката на Бугарија, Екатерина Захариева во Струмица, во изјава за медиумите Заев најави дека во недела во Преспа ќе биде потпишан конечниот договор за решавање на македонско-грчкиот спор за името и стратегиското партнерство помеѓу двете земји.

Публикувахте от Радио СтрумицаНет в Петък, 15 юни 2018 г.

 

Видео:  Радио СтрумицаНет

 

Слични содржини