Заев: СДСМ е посветена на изградба на капитални и вредни проекти за сегашните и идните генерации

од Берта Китинска

Локацијата на којашто се гради браната Речани како дел од хидросистемот „Оризарска река“ денеска ја посетија лидерот на СДСМ, Зоран Заев, генералниот секретар на СДСМ и носител на кандидатска листа за пратеници во ИЕ 3, Љупчо Николовски, кандидатката за пратеник, Марија Ангелева и градоначалникот на општина Кочани, Николчо Илијев.

– Оваа брана годишно ќе собира 22 милиони метри кубни вода и ќе придонесе за навремено и квалитетно снабдување со вода на една третина од земјоделските површини во Кочанско, а преку две мали хидроцентрали ќе се произведува и електрична енергија. Вредноста на инвестицијата е 30 милиони евра. Идејата за оваа огромна брана датира од 60-те години на минатиот век. Патот го изгради веќе Министерството за земјоделие, а висината на самата брана ќе биде поголема од 80 метри – рече Заев.

Тој наведе дека низ целата држава забрзано се градат крупни капитални проекти од витално значење за граѓаните и државата.

 

Слични содржини