Заев: СДСМ може да формира влада и со ДУИ и со Алијанса за Албанците и Алтернатива

од Берта Китинска

На прашањето дали уште стои на ставот дека ДУИ треба да оди во опозиција ,лидерто на СДСМ, Зоран Заев по денешната конститутивна седница одговори дека сите опции се отворени за преговарачкиот процес.


-Да оставиме времето да покаже за да видиме со кога може да направиме коалиција.Јас сум разумен човек секако дека граѓаните преку своите гласови ги даваат правците и очекувањата.СДСМ може да формира влада и со ДУИ и со Алијанса за Албанците и Алтернатива. Но, зависи од отстранување на национализмите, прочистување на судството ,проверка на имотот и капиталот на секој политичар, кадровскиот потенцијал, добро ќе одвагаме, сите опции се отворени за преговарачкиот процес, изјави Заев.

Слични содржини