Заев: СДСМ влегува во 36 општини во втор круг, на крај ќе имаме повеќе градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ

од Берта Китинска

Лидерот на СДСМ Зоран Заев кажа дека победуваат или имаат водство во 30 општини, плус Град Скопје, а во втор круг одат во 36 општини, на прес-конференција по денешните локални избори. Заев тврди дека на крајот ќе имаат градоначалници во повеќе општини во споредба со ВМРО-ДПМНЕ.

-Нема да дозволиме на некого земјата да ја враќа земјата назад, злото се заканува. Кочи Мицко, вториот круг е пред нас. Убеден сум дека ќе имаме повеќе градоначалници и со тоа нема да има дилема кој е победник на овие локални избори, одговори Заев прашан за најавите од опозицијата за предвремени парламентарни избори или ново мнозинство во Собранието.

Заев објасни дека нивни коалициони партнери настапиле самостојно и кога ќе се соберат тие гласови, убеден е дека ќе имаат повеќе гласови. Вели и дека прогресивната коалиција ќе има повеќе гласови.

-Во Битола на пример ги минусирате гласовите на ЛДП, или пак во Шуто Оризари или Куманово. На крајот на изборите ќе ги сумираме гласовите“, кажа Заев.

Слични содржини