Заев: Се уште немаме договор за коалиција, но нема да губиме време во определување на ресорите

од Nikola Popovski

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев по средбата со лидерот на ДУИ, Али Ахмети во изјава за медиумите соопштил дека се уште нема договор за коалиција.

„Не можеме да кажеме дека постигнавме договор. Разговорите продолжуваат, а штом ќе имаме што да соопштиме ќе ве информираме“, изјавил Заев.

Тој повтори дека ја чувствува како притисок поканата за средба што ја упати денеска Ахмети до лидерите од албанскиот политилки блок по повод годишнинатата од  Рамковниот договор, порачувајќи дека таква средба може да имаат и претставниците од како што вели неалбанските граѓани. Ако е поводот Охридскиот договор, потенцира, таму треба да бидат и СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.

„Дадов коментар на  директно прашање дали повикот на ДУИ да се состане со сите политички партии на темата претседател на Владата на предлог на ДУИ, да, го  чувствувам како притисок. Понатаму  нема да разговарам, сакам да дадам шанса на разговорите, нормално е заради тоа што може и сите политички партии кои се претставници на неалбанските граѓани  во државата, од неалбанската  етничка заедница, значи може и тие да се соберат. Значи, можеме ние и со претставнкици на бошњачките партии, и со ВМРО-ДПМНЕ  и со турските партии и слично, треба да се вди грижа и за тоа. Ако е поводот Охридскиот рамковен договор и СДСМ и  ВМРО-ДПМНЕ треба да бидат таму“, рече Заев.

Тој смета дека нема да губат време во определување на ресорите, бидејќи веќе знаат кој, каде е спремен да земе одговорност.

 

Слични содржини