Заев се вакцинираше со „Синофарм”: Се чувствувам одлично (ФОТО)

од Берта Китинска

Ја извршив мојата лична, но и граѓанска должност и ја примив првата доза од вакцината на „Синофарм“, односно онаа вакцина којашто беше во моментот на располагање, кога ми дојде мене редот согласно националниот план за имунизација, изјави денеска премиерот Зоран Заев.

-Се чувствувам одлично и ќе ја продолжам мојата дневна работна агенда и во попладневните часови.Ги охрабрувам сите граѓани да се пријават за термин за вакцинација на веб-страницата www.vakcinacija.mk, бидејќи тоа е единствениот ефикасен начин за заштита од коронавирусот.Вакцините се безбедни, проверени, тестирани и навистина, колку побрзо заврши процесот на имунизација толку побрзо ќе заврши оваа борба со овој невидлив непријател, изјави Заев.

Слични содржини